Укинат карантинот на крузерот „Ворлд дрим“ во Хонг Конг

Од:

Повеќе од 1.800 патници и речиси ист број членови на екипажот на крузерот „Ворлд дрим“ (World Dream), кои беа ставени под карантин во Хонг Конг заради стравувања од зараза со коронавирус, добија дозвола да го напуштат луксузниот брод, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информација на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post).

Весникот јавува дека на крузерот немаше потврдени случаи на зараза со коронавирус.

Исто така, се забележува дека бродот бил ставен под карантин заради стравувањата дека членовите на екипажот биле заразени од патниците од претходната тура на крузерот, кај кои беше потврден коронавирус.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски