Косовскиот премиер на 11 февруари во посета на Тирана

Од:

Новиот косовски премиер Албин Курти на 11 февруари ќе допатува во офцијална посета на Албанија, јави тиранската телевизија “Ора њуз”.

Ова всушнст е негова прва посета на друга земја по изборот на новата косовска Влада,во чии рамки планирани се средби со албанскиот државен врв.

По изборот на Владата, Курти,како и претседателката на Парламентот Вјоса Османи, изјавија дека нивните први посети по изборот на функциите ќе биде Албанија.

Официјална Тира поздравувајќи го договорт за формрање Влада на Косово посака успешно управување и поголема меѓусебна корисна соработка во интерес на Албанците од двете страни на границата

Овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај,кој по потекло е од Косово оцени дека во „многуте предизвици што се пред нас, засилената соработка меѓу Косово и Албанија е неопходна“.

Со нетрпение очекуваме да започнеме со значајни разговори со новата косовска влада за спроведување заедничка програма во корист на двете држави, порача Цакај.

За шефот на албанската држава, Илир Мета, стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина