Заев на средба со генералната секретарка на Европската зелена партија

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со генералната секретарка на “Европската зелена партија” Мар Гарсиа Санс придружувана од претседателката на “Демократска обнова на Македонија”, Маја Морачанин.

На средбата се разговараше за мерките и политиките во полето на заштита на здравата животна средина, процесот на европските интеграции, како и за актуелни политички теми.

Претседателот Заев истакна дека државата постојано вложува напори во заштита на животната средина, а сите институции се фокусирани на борбата против долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Владата предводена од СДСМ во овие нешто над 2,5 години како никогаш досега одвојува доста средства за екологија.

Преку процесот на гасификација, зголемување на енергетската ефикасност и целосно менување на начинот на загревање на домовите и јавните институции и инвестирање во обновливи извори на енергија, правиме се за да го намалиме користењето на јаглен и цврсти горива и со тоа да дадеме сериозен придонес во борбата за заштита на животната средина.

Покрај тоа работиме и на системски решенија, а последен во низата примери беше усвојувањето на Закон за третирање отпад кој беше донесен деновиве а со кој се забранува увоз на отпад кои се користи како извор на енергија, потенцираше Заев.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, претседателот Заев истакна дека по извесното членство во НАТО и изготвувањето на новата методологија, следен реален чекор во остварување на стратешките интереси е започнување на преговори со ЕУ, а во тој процес, освен реформите, важна ќе биде и борбата за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев