На Погба му падна цената

Од:

Раководството на Манчестер Јунајтед ја намали цената на Пол Погба за 30 милиони фунти. Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 180 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, коипокажуваат најголем интерес за Французинот.

Цената сега е 150 милиони, а агентот на играчот Мино Рајола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.

„Мирор“, во меѓувреме, известува дека менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, му рекол на Погба дека не му треба за кампот во Марбела за време на зимската пауза. Французинот се уште се опоравува од операцијата на глуждот и, бидејќи не е подготвен за целосен тренинг, менаџерот одлучил дека нема смисла да патува со тимот.

Интересно, кога Солскјер извести дека Погба ќе биде подложен на операција, Норвежанецот увери дека играчот од средниот ред ќе се врати за три до четири недели. Поминаа шест недели од тогаш, и се чини дека уште еднаш оваа сезона враќањето на Французинот е одложено на неодредено време.

Погба има одиграно само осум натпревари за Јунајтед во текот на оваа кампања.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска