СЗО: Невозможно е да се предвиди како ќе се шири новиот коронавирус

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е невозможно да се предвиди како ќе се шири новиот коронавирус и кога ќе биде неговиот пик, бидејќи тоа е ново заболување со многу непознати, како што изворот на пренесување, на пример. Ова во електронска порака до „Глобал тајмс“ го соопшти портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревич, јави „Радио Кина“.

Тој посочи дека неговото пренесување е зоонетско, односно вирусот бил пренесен на човекот од животни. Неопходни се уште истражувања и анализи на епидемиолошките податоци за да се утврди степенот на пренесување, посочи уште Јасаревич.

Во електронската порака тој, исто така, објаснува дека вработените во СЗО се обидуваат да сфатат како се менува вирусот, ги анализираат информациите од постојните и новите случаи, што е од одлучувачко значење за зголемување на присутноста.

Според последните податоци, во Кина има над 30.000 потврдени случаи на заразени, а бројот на починати е над 600, додека на излекуваните засега е над 1.500.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа