МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, „Слободен печат“ да се огради од неговите ставови

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува антисемитскиот говор на омраза од колумнистот на “Слободен печат“ Бранко Тричковски.

– Не е прв пат лицето Бранко Тричковски да шири говор на омраза, овој пат антисемитски. Тој постојано повикува на убиства, ликвидации, се заканува со насилство, и кон колеги новинари, и кон преставници на институции.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски не виде причина за кривична одговорност на ова лице во изминатите години. Ги повикуваме останатите обвинители да не ги затвораат очите пред неговото јавно ширење на говор на омраза, повиците за насилство и убиства.

Го повикуваме МВР по службена должност да преземе активности за санкционирање на лицето Бранко Тричковски. Истовремено, бараме од менаџментот на “Слободен печат“ јавно да се оградат од ставовите на лицето Бранко Тричковски и да ја прекинат соработката со него. Во спротивно, тие стануваат соучесници во истото, реагираат од МАН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март