Најголемите епидемии и пандемии во светот во изминатите 100 години

Од:

Пред да се појави новиот коронавирус што предизвика паника ширум светот, имаше и други епидемии во 21 век, но тие беа помалку смртоносни од пандемиите во минатиот век.

Епидемии во 21 век:

Ебола – 2013-2016 година

Смртоносната епидемија на ебола во Западна Африка однесе животи на повеќе од 11.300 луѓе главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне од декември 2013 до 2016 година. Прво откриена во 1976 година, еболата е помалку заразна од другите вирусни заболувања, но многу висока смртност, убива 40 отсто од болните. Вирусот повторно се појави во август 2018 година во Демократска Република Конго, каде досега животи загубија повеќе од 2.200 луѓе.

МЕРС

Блиско Источен репираторен синдром – коронавирус (Middle East respiratory syndrome coronavirus, MERS-CoV) e вирусна респираторна инфекција која за првпат е регистрирана во Саудиска Арабија во 2012 година.

Предизвикана е од корона вирусот кој е наречен MERS-CoV. Кај речиси 40 отсто од заболените, болеста завршиле со смртен исход. Се заразија лица од една до 99-годишна возраст. Починаа 862 лица. Две ги загубија животите од 9-12 јануари оваа година во Саудиска Арабија.

Свински грип – 2009-2010 година

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 18.500 луѓе починале од свински грип или Х1Н1, кој за првпат е откриен во Мексико и САД во март 2009 година. Сепак, списанието „Лансет“ проценува дека меѓу 151.700 и 575.400 луѓе починале.

Пандемија е прогласена на 11 јуни 2009 година, а откажана е на 10 август 2010 година. Последователно, се покажа дека вирусот не бил толку смртоносен како што се сметаше порано. Западот, конкретно Европа и СЗО беа критикувани за преувеличување додека меѓу 250.000 и 500.000 умираат секоја година од грип.

Тежок акутен респираторен синдром (САРС) 2002-2003

Тежок акутен респираторен синдром првпат се појави во Гуангдонг, јужна Кина, во ноември 2002 година пред да предизвика здравствена криза во средината на 2003 година, главно во Азија. Болеста однесе животи на 774 лица, од кои 4/5 во Кина и Хонг Конг. Вирусот се прошири на човек од лилјак и зарази луѓе во околу 30 земји. Стапката на смртност е 9,5 отсто.

Птичји грип – 2003-2004 година

Смртоносниот вирус на птичји грип H5N1 уби повеќе од 400 луѓе, главно во Југоисточна Азија, откако се појави во 2003 година. Вирусот „тргна“ од фарма за птици во Хонг Конг пред да се пренесе на луѓето. Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба.

Големи пандемии во XX век:

СИДА – 1981 година до денес

Досега – Најсмртоносна епидемија. Според УНАИД, 32 милиони луѓе ширум светот умреле од болест која влијае врз имунолошкиот систем и ги става луѓето во поголем ризик од заразни заболувања. Денес, околу 24,5 милиони луѓе имаат пристап до антивирусни лекови кои го запираат напредокот на болеста и го намалуваат ризикот од инфекција.

Грипот од Хонг Конг – 1968-1970 година

Од таа болест умреле околу еден милион луѓе, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести на САД. Се шири низ целиот свет од средината на 1968 година и почетокот на 1970 година. Жртвите се претежно деца. Тргнува од Хонг Конг и се шири во Азија. Достигна до САД на крајот на 1968 година. На крајот на 1969 година стигна до Европа.

Азиски грип – 1957-1958 година

Околу 1,1 милиони луѓе умираат од азискиот грип. Пандемијата е во два агресивни бранови. Вирусот за првпат се појави во јужна Кина во февруари 1957 година. Неколку месеци подоцна, САД и Европа беа погодени. Болеста, која предизвикува сериозни компликации на белите дробови, главно ги погодува постарите лица.

Шпански грип – 1918-1919 година

Шпанскиот грип опфати голем дел од светската популација на крајот на Првата светска војна. Педесет милиони луѓе ги загубија животите. Тој е најсмртоносен во историјата во толку краток период – од септември 1918 година до април 1919 година. Вирусот одзема животи пет пати повеќе луѓе отколку самата војна. Првите жртви беа во САД пред да се рашири во Европа и во светот. Смртноста е повеќе од 2,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Работници на живинарска фарма во Колорадо се заразиле со птичји грип

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Катерина Ѓуровски