ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска и Србија

Од:

Силно невреме, со ветрови кои кршат гранки и откорнуваат покриви од куќите го зафати регионот. Град и снег паѓаа во Хрватска, а силното невреме највеќе го почувствуваа жителите на Загреб и Риека.

Во главниот град ветрот со брзина од 100 километри на час корнеше дрвја.

Црвен метеоаларм е најавен и за во Црна Гора, а во Србија има за 15 степени пониски температури.

Силно невреме и обилен дожд има и во делови на Србија, каде силниот ветер откорнуваше и покриви. Невремето најпрво ги зафати Војводина и Белград.

Температурите за само неколку часа драстично опаднаа. Во Лозница само за еден час температурата опаднала за 11 степени, во Нови Сад за осум степени, а во Белград за седум степени.

Заладувањето доаѓа по невообичаено високите температури коишто го зафатија регионот во изминатиов период.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања