ВИДЕО: Стравот од новиот коронавирус предизвикува расизам и ксенофобија на Запад

Од:

Истовремено со ширењето на вирусот на запад, се случуваат повторно предрасуди кон жители на Азија, нивната храна и обичаи.

Многу азиски жители кои живеат во странство велат дека луѓето почнале да ги гледаат како патогени-што-одат.

Еден од нив укажува на пример кога во Лондон во автобус седнал на седиште, лицето покрај него веднаш станало и се оддалечило, јави Си-Ен-Ен.

Во изминатите неколку недели се појавија дезинформации и лажни вести за азиските граѓани и кинеската храна, и не само што поттикнуваат страв и јавна параноја за коронавирусот, туку, како што јави Си-Ен-Ен, засилуваат и расистички стереотипи за кинеската храна како валкана и опасна.

Во текстот се вели дека Кинезите јадат истата храна како и сите други во светот, само малцинство луѓе во Кина јадат диви животни дури и во еден град каде се промовира јадењето кучиња, мнозинството од населението не го прави тоа, па затоа дури и кинеските активисти ширум светот почнаа кампања против познатиот фестивал на месо од кучиња.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски