Една брачна двојка од Германија ја украси јаболкницата висока 1,5 метри со 10.030 јајца.
Според локалните медиуми, пензионерот Фолкер Крафт и неговата сопруга минале две недели украсувајќи го дрвото со јојца, кои тие самите рачно ги бојадисале.
И покрај студеното време, успеале сите јајца да ги закачат навреме за Велигден, кој католиците годинава го празнуваат на 31 март.
Дрвото украсено со шарени јајца се наоѓа во дворот на куќата на Крафт во Залфелд, а љубопитните слободно можат да му пријдат и да го разгледаат.
– Посетителите се воодушевени кога ќе го видат, посебно децата кои доаѓаат во голем број, вели Крафт, кој веќе 45 години го украсува своето дрво за Велигден.
Сепак Крафт со своето дрво не влезе во Гинисовата книга на крегорди. Таа привилегија му припадна на една зоолошка градина во Росток, каде во 2007 година едно дрво беше украсено со дури 76.596 јајца.