Шкотска се уште сака референдум за независност

Од:

Премиерката на Шкотска, Никола Старџен изјави дека се уште сака референдум за независност во текот на оваа година. Во говор во Единбург, таа призна дека тоа можеби нема се случи пред изборите во Парламентот на Шкотска, закажани за следната година, јави Би-Би-Си.

Старџен повторно инсистираше на тоа дека секој референдум „мора да биде легален и легитимен“.

Обраќајќи се пред своите партиски членови, само неколку часа пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, таа рече дека брегзит е „клучен момент“ за Шкотска и Велика Британија, оставајќи многу Шкоти да чувствуваат „вистинска и длабока тага“, но со гнев .

Шеесет и два отсто од Шкотите гласаа на рефрендум во јуни 2016 година за останување во ЕУ, додека 38 проценти беа против.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски