Заев оствари средба со пратенички од СИРИЗА

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со координаторката на Форумот на жените, Снежана Калеска-Ванчева, и пратеничката од редовите на СДСМ и коалицијата, Ивана Туфегџиќ, денеска се сретна со пратеничките Катерина Нотополу и Ирини Агатополу од партијата СИРИЗА од Република Грција.

На средбата претседателот Заев ја поздрави добрата соработка помеѓу двете левичарски партии, како и односите меѓу двете земји, кои бележат сериозно унапредување по постигнатиот договор од Преспа.

„Постигнатиот договор со Грција ги отвори перспективите кон НАТО и ЕУ и отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји и севкупните односи во регионот.

Граѓаните ги чувствуваат придобивките од придвижување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Сериозно е зголемен износот на странски инвестиции, економскиот раст е интензивен, има повеќе пари во државата, а тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.

Со постигнувањето на договорот се засили и економската соработка, што позитивно влијае врз економијата и животниот стандард на граѓаните во двете земји“, истакна претседателот Заев.

Претседателот Заев упати благодарност до СИРИЗА за поддршката на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија што грчката партија ѝ ја дава и изрази надеж дека набргу ќе се донесе позитивна одлука за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, што ќе значи дополнителен поттик за интензивирање на реформските процеси.

Пратеничките од СИРИЗА, Нотополу и Агатополу, истакнаа дека нивната партија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, особено преку нивниот ангажман во групата Европска обединета левица – Нордиска зелена левица во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?