Безос заработил 13 милијарди долари за 15 минути

Од:

Најбогатиот човек во светот, американскиот бизнисмен Џеф Безос, основач на компанијата Амазон, го зголеми своето богатство за 13 милијарди долари само за 15 минути, соопшти денеска агенцијата „Блумберг“.

Ова се случи откако синоќа акциите на компанијата Амазон нагло пораснаа за 12 отсто, до 2.100 долари за акција.

Според набљудивачите, растот на акциите е одраз на успешниот финансиски отчет за дејноста на компанијата во изминатиот квартал, кој „ги направи парампарче“, очекувањата на аналитичарите. На пример, кварталниот приход на Амазон изнесува 87,4 милијади долари, а приходот за една акција е 6,47 долари, иако експертите очекуваа тој да биде 4,11 долари.

Се соопштува дека поради растот на овие цени вредноста на имотот на Безос, кој владее со 12 отсто од акциите на Амазон, пораснала до 129,5 милијарди долари.

Во индексот Блумберг милијардери на оваа агенција, промените на состојбата на богатството на Безос ќе се рефлектира денеска по завршувањето на берзанските тргувања.

Се соопштува и дека, по растот на акциите на компанијата Тесла неделава, вкупниот имот на сопственикот на оваа команија, Елон Маск, се зголемеил за 2,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници