Патничката на италијанскиот крузер, за која имаше сомневање дека е заразена со новиот коронавирус, го нема тој вид на вирус, изјави портпаролот на италијанското Министерство за здравство.
Тоа го потврдиле тестовите кои ги направиле италијански лекари.
Околу 6.000 луѓе беа заробени на италијански крузер во италијанскиот град Чивитавекија, откако еден кинески турист добил треска.
Coppia di cinesi con febbre alta su nave crociera a #Civitavecchia, bloccati seimila passeggeri: sospetti per #Coronavirus, in isolamento nell'ospedale di bordo, raggiunti dai medici dello#Spallanzani per realizzare i test#ioseguoTgr @TgrRaiLazio pic.twitter.com/ZOZXihg3G6
— Tgr Rai (@TgrRai) January 30, 2020
Неименуван извор изјави дека таа имала благи симптоми, додека нејзиниот сопруг немал никакви симптоми на болеста, јавија италијанските медиуми.
Двојката од Макао е тестирана од експерти во римската болница Спаланчани, кои се специјалисти за заразни болести и вируси.