Албанија и Велика Британија потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување и за борба против затајувањето даноци.
Договорот го потпишаа албанскиот министер за финансии Ридван Боде и британскиот амбасадор во Тирана Николас Кенон.
Боде истакна дека физички лица и фирми на двете земји ќе бидат ослободени од двојно оданочување, а договорот предвидува уште и соработка во борбата против нелегалната трговија и затајувањето даноци.
– Водечки британски компании разгледуваат проекти за развој на природните ресурси во Албанија, изјави британскиот амбасадор, нагласувајќи ја неопходноста од создавање привлечни инвестициски услови во земјата.