Државјанин на Република Србија, иначе студент по медицина во градот Вухан, се наоѓа заедно со неговата мајка, во карантин во индискиот град Гои, поради сомнеж дека се заразени од вирусот.
Според пишувањето на порталот Експред, студентот со својата мајка се наоѓаат во карантин во болницата во Уџаин.
По пристигнувањето во индискиот град, неколку дена подоцна, престојувајќи во својата куќа, студентот забележал симптоми на грозница и преладување по што бил префрлен во болницата.
Докторот во болницата рекол дека на него и неговата мајка им е земен брис од грлото и истите се испратени на аналица.