СДСМ: Денеска е денот Д за ВМРО-ДПМНЕ – дали ќе застане зад криминалот или зад Законот за јавно обвинителство

Од:

„Предлог законот за јавно обвинителство од денеска е во собраниска процедура и закажана е јавна дебата во Комисијата за политички систем.

Ова е последен повик до деструктивната партија ВМРО ДПМНЕ да престане да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави со Законот за Јавно обвинителство.

На Христијан Мицковски му е јасно дека предложеното законско решение ја засилува борбата против криминалот и корупцијата и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата. Но, тоа не му одговара затоа што опструирањето на законот од нивна страна е токму заради криминалот во нивните редови и заради политиката на изолација на која ја практикуваат“, велат од СДСМ.

„Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства, само ВМРО ДПМНЕ се противи.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот.

ВМРО ДПМНЕ заедно со обвинети и осомничени партиски фунционери, како и пратеници, прават се да ја загрозат правната држава и владеењето на правото. Само ним не им одговара да продолжат предметите на СЈО и тоа е главната причина поради која се противат на законот.

Иако знаат дека на 12-ти април граѓаните ќе им нанесат уште еден пораз, сепак ВМРО ДПМНЕ нека престане да биде најголемиот кочничар во државата и нека демонстрира демократски и државнички капацитет и нека гласа за законот за ЈО, а со тоа да и помогне на државата во градењето правна држава и европска иднина“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски