Ракометниот клуб Металург информира дека средствата собрани од натпреварот против Вардар ПРО во рамките на СЕХА Регионалната лига во ракомет ќе бидат донирани за возобновување на манастирот Трескавец, кој датира од 12. век, а изгоре на 4 февруари 2013 година.
– Со овој потег сакаме и ние како спортски колектив барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на оваа наша културно-историска знаменитост, се вели во соопштението од ракометниот клуб Металург.