Мустафа најави дека денеска ќе се сретне со Курти

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа најави дека денеска ќе се сретне со мандатарот за премиер и лидер на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, во обид да постигнат договор за формриање заедничка влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На влегување во седиштето на неговата партија, Мустафа им изјави кратко на новинарите дека средба со Курти денеска ќе има, но се уште не е одредено точното време кога таа ќе се реализира.

Тој нагласи дека се прават постојани напори за надминување на несогласувањата околу поделбата на функциите и дека е посветен на постигнувањето договор со ВВ.

– Верувам дека средба ќе има, но часот се уште не сме го определила. Чиниме постојани напори да постигнеме договор и јас сум посветен на тој договор. Бесмислено е да се продолжи поинаку, правиме напори, изјави Мустафа.

Курти, како лидер на ВВ, односно на партијата победничка на парламентарните избори во Косово, го доби мандатот за формирање на новата влада на Косово минатиот понеделник, на 20 јануари, по што почна да тече рокот од 15 дена во кој треба да го предложи на Собранието составот на неговиот иден кабинет.

Досега опозициските ВВ и ЛДК, како второрангирана партија на изборите, ги започнаа преговорите за коалиција речиси веднаш по затворањето на гласачките места на 6 октомври, меѓутоа и натаму не успеваат да се договорат околу поделбата на функциите. Викендов имаше најави од двете партии дека сепак се блиску до постигнување договор за заедничка влада.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски