Рохани: Не треба да дозволиме „терористите“ во Белата куќа да го изолираат Иран

Од:

Иранците не треба да дозволат политиката на претседателот на САД Доналд Трамп за „максимален притисок“ врз Техеран да го нарушава единството на нацијата пред парламентарните избори, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

– Не треба да дозволуваме Доналд Трамп да создава јаз меѓу власта и луѓето. Треба да останеме обединети, рече тој.

– Не им вртете грб на изборите (на 21 февруари). Да имаме висока избирачка активност, додаде Рохани во говор емитуван на државната телевизија на Иран.

Тој повторно ја критикуваше политиката на Трамп и додаде дека Иранците не треба да им дозволат на „терористите“ во Белата куќа да „го изолираат Иран“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски