Снимка од пациент кој се трее во ходникот на една болница во Вухан го обиколи светот. Иако сцената потсетува на нешто што го гледаме во хорор филмовите, станува збор за еден пациент заразен со коронавирусот.
На снимката се гледа како пациентка покриена со јорган се тресе неконтролирано, додека една жена и ја држи главата. Познато е дека коронавирусот предизвикува треска, напади и конвулзија, пишува британскиот „Сан“ кој ја пренесе оваа снимка.
#coronavirus in action.pic.twitter.com/af7w2Z4Uu7
— Darren of Plymouth ?? (@DarrenPlymouth) January 25, 2020
Првиот пациент кој се опорави од вирусот исто потврди дека имал силни трески со денови пред да биде пренесен во карантин. Останатите симптоми се слични со тие на обичниот грип, што овој вирус го прави потежок за откривање.
Поради тоа се создаваат големи колони во болниците во Вухан, каде се чека и по два дена за да стигнат до лекар, со оглед дека сите сакаат да проверат дали се заразаени со коронавирус.
Нема ниту доволно места за сите да лежат во болниците, за што сведочат и овие снимки каде заразени со вирусот лежат во ходниците покриени со јоргани поради страв да не се шири заразата.