Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Шпанците во полуфиналето ја совладаа Хрватска со 9:8 (по четвртини: 0:1, 4:3, 2:2, 3:2).
Решавачкиот гол го даде Мунарис на 30-тина секунди до крајот на средбата за водство на „фуријата“ со 9:7.
Хрватите до крајот успеаја да го ублажат поразот, но не и да израмнат.
Мунарис со три гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, лидер меѓу поразените беше Букиќ со два погодоци.
Противник на Шпанија во големото финале ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Унгарија и Црна Гора што почнува во 19 часот.