Баерн Минхен ќе го игра своето 11-то финале на ЛШ

Од:

Баерн Минхен ќе игра по 11-ти пат во својата историја во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи тимот на Лион со 3:0 на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон.

Французите направија неколку пропусти пред голот на Мануел Нојер и, како што честопати се случува, ќе треба да жалат по тоа.

Гнабри му донесе предност на Баерн во 18-тата минута по прекрасен соло пробив, а во 33-тата ја удвои предноста по одбиена топка одблизу. Во 88-та минута Роберт Левандовски повторно постигна гол – во 9-тата последователна средба на турнирот, запечатувајќи ја победата на „Баварците“.

Па така Баерн му се приклучи на ПСЖ во финалето во Лисабон в недела и ќе го бара својот 6-ти трофеј на турнирот.

Би можело да ве интересира

Франција со закон забрани фудбал на 5 мај

А1он

(ВИДЕО) Стравотна сцена: фудбалер се нафрли на судијата, го гонат за обид за убиство

ФИФПРО предлага четиринеделна пауза меѓу две сезони

Ана Ололовска

Нови навивачки инциденти во францускиот фудбал

А1он

Ето се кандидираше за прв човек на камерунскиот фудбал

А1он

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

А1он