Италијанецот Даниеле Орсато ќе го суди финалето на ЛШ во недела

Од:

УЕФА го објави судискиот тим кој ќе го води финалето од Лигата на шампионите Пари Сен Жермен – Баерн. Италијанецот Даниеле Орсато е назначен за главен судија.

Негови асистенти ќе бидат Лоренцо Манганели и Алесандро Џалатини.

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе играат во недела (23 август) на „Естадио Да Луж“ во Лисабон во 21 часот по македонско време.

Во полуфиналето ПСЖ го совлада РБ Лајпциг со 3:0, а Баерн го совлада Лион со истиот резултат.
Реал Мадрид има најмногу освоени трофеи од турнирот (13). Баерн има пет победи и ќе го игра своето 11-то финале, додека парижаните за првпат се квалификуваа за финалниот натпревар.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ