ЈОРСМ и ДКСК ќе ја засилат соработката во борбата против корупцијата

Од:

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска.

Заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата, е темата на која било разговарано на средбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Договорена била и континуирана комуникација и координација на иницијативите кои ДКСК ги поднесува до Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК