А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада

by А1он22/01/2020 - 17:15212
Share0

По месеци политичка и економска криза и три месеци по оставката на премиерот Саад Харири, Либан доби технократска влада со дваесет министри под водство на Хасан Диаб.

Следете a1on на Instagram Instagram

Европската Унија бара од владата да посвети посебно внимание на “најранливите групи“ во општеството и да се посвети на социјалните и економските реформи како и доброто владеење, отчетноста и борбата против корупцијата.

Премиерот вети дека ќе ги слушне барањата на либанските демонстранти кои бараат целосна трансформација на политичкиот систем во земјата и ја обвинува политичката елита за корупција и некомпетентност.

Сите назначени министри во новата влада се технократи, неповрзани за политичките партии. Премиерот вети дека владата ќе работи на борбата против корупцијата и за поголема независност на судството како и намалување на невработеноста.

Следете a1on на Youtube YouTube

Европската Унија денеска го поздрави назначувањето на новата влада во Бејрут како “суштински чекор кон обезбедување дека земјата ќе се справи со бројните кризи“.

Либанската влада мора брзо да се справи со огромните економски предизвици и да воведе структурни реформи кои ќе одговорат на потребите и очекувањата на либанскиот народ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.

eulibija

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео