Османи: Франција има поомекнат став за почеток на преговори, се очекува да го усвоиме законот за ЈО

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најави дека наскоро ќе го посети Париз, за да ги слушне новите ставови на Франција во однос на почетокот на преговори и да реферира што земјава направи во меѓувреме во имплементација на реформите.

Тој посочи дека сите во ЕУ очекуваат да се донесе Законот за јавно обвинителство пред распуштање на Парламентот.

„Пред два дена комуницирав со министерката за Европа на Франција и договоривме моја скорешна посета во Париз за да ги слушнам новите ставови на Франција во однос на почетокот на преговори, и да образложам што ние направивме во меѓувреме. Ќе ни користат и овие информации што ги добив од Државната комисија за спречување на корупцијта за да зборувам со француските власти, рече Османи по посетата на ДКСК и средбата со претседателката Билјана Ивановска“, рече тој.

Вицепремиерот оценува дека Франција веќе има поомекнат став, доколку се следат сите изјави на претседателот Емануел Макрон.

„Мислам дека Франција веќе има поомекнат став и тоа ако ги следите сите изјави на претседателот Макрон, ако гледате дека расположението е позитивно и дека единствен услов таму е да се усвои новата методологија. Од нас очекуваат сепак да го донесеме Законот за јавно обвинителство, така што уште еден повик до политичките партии да смогнат сили да го донесеме овој закон пред распуштање на Собранието, рече Османи.

Во однос на новата методологија на преговарање, Османи рече дека неофицијално беше објавено дека таа ќе биде усвоена и објавена на 29 јануари, но вчера стигнале понови информации од Брисел дека може да се одложи до 6 или 7 февруари.

„Веројатно и таму врие во усогласувањето на методологијата. Дваесет и седум земји-членки треба да усогласат нов текст на методологија, меѓутоа сепак одржувањето на оваа динамика за нас е позитивно“, рече вицепремиерот за европски прашања. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски