Курти не одговори на поканата за средба, Тачи го декретира за мандатар за новата влада

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи го декретира лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти за мандатар за формирање на новата Влада на Косово, и покрај тоа што Курти не одговори на поканата за средба што во својот кабинет ја закажа Тачи за денеска во 12 часот, јавија приштинските медиуми.

Извори од претседателскиот кабинет велат дека Курти бил поканет за да му се предаде мандатот со официјален допис, како и телефонски, меѓутоа од ВВ не добиле никаков одговор.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по истекот на терминот за средбата, одлуката на Тачи е испратена во седиштето на ВВ, а во текот на денот официјално ќе му биде доставена и на претседателот на Собранието Глаук Коњуфца.

По ова, Коњуфца треба да свика седница на Собранието на која ќе се гласа за новата влада, доколку во рок од 15 дена Курти постигне договор со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за владина коалиција, односно доколку успее да го обезбеди потребното мнозинство кое ќе гласа за составот на кабинетот кој ќе го предложи.

ВВ, како партија победничка на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, претпладнево написмено го извести Тачи дека Курти е нејзиниот предлог за мандатар за состав на новата косовска влада.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски