Грчката Влада формира ново Министерство за миграција и азил

Од:

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира ново Министерство за миграција и азил, а министер ќе биде досегашниот заменик министер за труд, Нотис Митаракис, соопшти денеска портпаролот на владата, Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативен министер ќе биде Јоргос Кумуцакос кој и досега беше надлежен за миграциска политика, но во рамките на Министерството за цивилна заштита.

-Владата уште од прв момент следеше различна политика во бегалското- мигрантското прашање. Со комплетен план базиран на четири оски: заштита на нашите граници, забрзување на процедурите за азил, зголемени враќања, затворени центри. И сето ова, паралелно, спроведувајќи празнење на островите што го имаат најголемиот товар во приемот на бегалците и мигрантите, но и со нејзината интернационализација на проблемот во сите меѓународни форуми. Она што е потребно е брза имплементација на овој план, рече Пецас објаснувајќи ја одлуката на грчкиот премиер за формирање на посебно министерство.

Во текот на денешниот ден се очекува двајцата министри да положат свечена заклетва во претседателската палата.

Прашањата поврзани со миграцијата, по изборите на 7 јули 2019 година и промената на власта во Грција, од посебното министерство кое постоеше претходно, беа ставени во надлежност на Министерството за цивилна заштита.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески