САДУ: Манчевски да го исполни ветеното и да ги вклучи синдикатите во функционалната анализа

Од:

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) бара министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски да го исполни ветувањето за вклучување на синдикатите во функционалната анализа во институциите и бара да престане, како што соопштува, да форсира трансфер од јавен во приватен сектор на неприфатлив начин.

Според САДУ, изготвен е анкетен лист за функционална анализа во институциите без вклучување на синдикатот што е спротивно на ветувањата. Најавуваат дека ќе го радикализираат делувањето доколку во најитен рок не се преземат рационални чекори на кои се договориле.

Низ повеќе состаноци со министерот, наведува во соопштение САДУ, беше разговарано и укажано дека за нас како синдикат оваа идеја е неприфатлива и оти жестоко ќе се спротивставиме доколку се реализира на начинот на кој беше презентиран. Впрочем САДУ во рамки на КСС низ низа протести во текот на минатата година бараше стопирање за трансферот од јавен во приватен сектор. Истиот предлог за рационализирање на јавниот сектор преку предвремено пензионирање и внатрешно дообучување и преквалификација декларативно беше прифатено од страна на министерот Дамјан Манчевски.

– Првично беше договорено и ветено и јавно преку ТВ дебата (на телевизија Алфа, во емисијата “Што не е јасно”) дека на следната седница ќе биде побарано синдикатите да бидат вклучени во функционалната анализа, со цел да се избегне злоупотреба на истата и вработените да се делат на подобни и неподобни, туку по нивната стручност, заслуга и работа. Очигледно, сето тоа е само манипулација затоа што ветеното не се остварува и тоа го гледаме последниве денови, бидејќи е изготвен анкетен лист со кој се прави функционална анализа без вклучување на синдикатите, а од друга страна секојдневно се полни јавниот сектор со нови вработувања, па затоа кај нас се појавува сомнеж дека целиот проект за професионализација на јавниот сектор е проект за партизација на јавниот сектор, стои во соопштението.

Доколку министерот не го исполни ветувањето, иако сме во период на техничка Влада, предупредуваат дека нема да ја премолчат „оваа неправда со која се нанесува зло на вработените, но и на јавниот сектор воопшто“. Доколку во најитен рок не се преземат рационални чекори на кои се договоривме, ние ќе го радикализираме нашето делување, соопшти Синдикат на администрација и државна управа на Македонија.

На седницата на Владата на 8 овој месец е усвоена Информација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, поднесена од Министерството за информатичко општество и администрација.

– Во насока на поедноставување на процесот на спроведување на функционална анализа од страна на институциите од јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација подготви Анкетен лист, кој ги содржи основните податоци кои ќе дадат особен придонес при подготовката на хоризонталната функционална анализа во јавниот сектор во Република Северна Македонија и ќе придонесат за остварување на целта на истата – реорганизација и оптимизација на институциите. Со пополнувањето на анкетниот лист ќе се добијат податоци за секоја од институциите во однос на нивната надлежност, организациска поставеност, внатрешната структура и состојбата со човечките ресурси, стои во објавата на веб страницата на МИОА каде едостапен анкетниот лист.

Според МИОА, податоците содржани во анкетните листови ќе претставуваат и солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати во институциите од јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он