ВИДЕО: Се појави снимка во која принцот Хари бара работа за Меган

Од:

Можно е договорот на Меган Маркл со филмската компанија Дизни да и позајми глас на еден од ликовите на таа продуцентска компанија, го поттикнал токму нејзиниот сопруг, британскиот принц Хари, објави „Дејли меил“, откако беше објавено видео каде принцот наводно се обидува да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира сопругата.

Според весникот, на премиерата на „The Lion King“ во Лондон во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил можноста да му укаже на Ајгер дека неговата сопруга е заинтересирана да го позајми гласот во еден од анимираните филмови.

„Дали знаете дека таа може да позајмува глас?“, го праша Хари, Ајгер во видеото, кое е снимено од еден обожавател.

„Таа е навистина заинтересирана“, продолжи принцот, на што рече директорот на Дизни кажа, „Би можеле да се обидеме. Тоа е одлична идеја“.

„Британски Тајмс“ вчера објави дека Меган Маркл потпишала договор со Дизни за да позајми глас во замена за донација на добротворната организација за заштита на животните од ловокрадците „Elephants Without Border“.

Инаку, принцот Хари и Меган Маркл ја изненадија јавноста во средата со одлуката да се повлечат од функцијата „високи“ членови на кралското семејство и да станат финансиски независни.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он