Кралицата Елизабета за утре закажа кризен состанок со принцот Хари

Од:

Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“, за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности.

Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.

Меган, поранешна американска ТВ актерка, ќе се обиде телефонски да се приклучи во разговорот од Канада, каде се наоѓа со нивниот син Арчи.

Хари и Меган, официјално познати како војводата и војводката од Сасекс, во средата, изненадувајќи го остатокот од кралското семејство, соопштија дека сакаат „нов работен модел“ што ќе им овозможи да минуваат повеќе време во Северна Америка и дека сакаат да станат финансиски независни.

Тие не ја консултирале 93-годишната кралица, ниту другите членови на кралското семејство пред да го стават своето соопштение на нивниот официјален сајт, а извор од Палатата наведува дека тој потег ја повредил и разочарал кралицата и другите членови на кралското семејство.

Би можело да ве интересира

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Принцезата Шарлот и принцот Џорџ наскоро ќе мора да бидат разделени

Предраг Петровиќ

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он