Шпанските власти запленија 590 килограми кокаин сокриен во една едрилица, на приватна плажа и уапсија еден Бугарин и Србин, соопшти полицијата.
Осомничените се 60-годишен бугарски државјанин и 30-годишен државјанин на Србија, од кои едниот бил вооружен.
Операцијата започнала откако бил забележан сомнителен брод во меѓународните води, кој се движел кон брегот на Шпанија. Судот одреди притвор за осомничените.
Елена Георгиевска