Актерката Фамке Јансен денеска е позната повеќе по многубројните естетски операции на лицето отколку по нејзините улоги, се коментарите на многумина.
Поранешната манекенка и актерка некогаш беше заносна холивудски дама, на чија убавина се воодушевуваа и мажи и жени, но ниту таа не одолеа на честото одење под нож и ботокс третманите.
Ретко кога жените во филмската индустрија можат да се спротивстават на шармот на такво разубавување, но некои толку претеруваат што во потполност се менуваат, што за жал и се случи и на Фамке.
Во последно време, ѕвездата на „X-Men“ и „Taken“ се почесто е гостинка на разни настани, па не е ни чудно што повторно се дискутира за нејзиниот изглед.
Нејзините очи денеска се „помачкасти“ од вообичаеното, а кога се насмевнува, славната бринета изгледа како едвај може да го стори тоа. Пред само неколку месеци, Фамке изгледаше поинаку и многу подобро, коментираат нејзините фанови.