Центарот за култура „Марко Цепенков“ во акција за помош на манастирот Трескавец

Од:

Виртуозот на народни инструменти Драган Даутовски синоќа одржа хуманитарен концерт во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, од кој приходот е наменет за обнова на манастирот Трескавец чии конаци изгореа во пожар на 4 февруари.

Даутовски својот претходен концерт го одржа таму токму на денот на манастирот, на 28 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица, кога беше поставен камен-темелникот за изградба на патот до манастирскиот комплекс.

Центарот „Марко Цепенков“ ја продолжува мисијата за помош на опожарениот манастир. Вечер од 19 часот е закажана аукција на слики, на која ќе бидат понудени дела од македонски автори. Меѓу авторите кои даруваат дела за манастирот се Кирил Гегоски, Илија Миноски, Христина Зафировска, Новица Трајковски, Валентина Стефановска, Гоце Трајковски, Ристо Мијаковски, Јасминка Новковска, Наталија Пулевска Радевска, Татјана Неданова.

Претходно, во 18.30 часот, во галеријата на Центарот ќе биде отворена изложба на плакати од руски графички дизајнери, која е дел од патувачката турнеја „Родченко 120“ по повод годишнината од раѓањето на големиот руски уметник.

Во прилепскиот Центар за култура утревечер ќе гостува комедијата од Скопје „Чекајќи го министерот“, од која приходот е, исто така, наменет за обнова на манастирот Трескавец.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски