Индискиот парламент изгласа нов закон со кој сака да ги заштити жените од сексуалното злоставување, како одговор на бруталното силување од декември минатата година.
Според агенцијата „Франс Прес“, законот најпрвин е изгласан во горниот дом , за да по два дена биде изгласан и во долниот дом.
Новите пропописи предвидуваат и смртна казна за повторени прекршувања како и кривични казни за сторителите на сите видови сексуално злоставување.
Владиниот панел формиран по декемвриското групно силување на студентка во Њу Делхи, ги предложи измените во индискиот закон за силување.
Елена Георгиевска