Во експлозија во џамија, во центарот на сиријската престолнина Дамаск денес загинал сиријскиот свештеник Мохамед ал Бути, пренесе сиријската државна телевизија, а активистите наведуваат дека во експлозијата животот го изгубиле 15 лица.
Мета на терористичките самоубиствени напади била џамијата Имам, во центарот на Дамаск, при што загинале 14 лица, а повредени се повеќе од 40.
Според првичните информации бомбашот самоубиец влегол во џамијата и ја активирал направата.
Очевидците пак сметаат дека најверојатно експлозијата ја предизвикала граната која паднала во близина на канцеларија на една политичка партија.