Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелскиот напад на Дамаск

Од:

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелски воздушен напад во луксузниот кварт Мазе во Дамаск и на периферијата на главниот град, соопшти сириското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека Израел извршил воздушен напад од правец на окупираната Голанска Висорамнина, чија цел била станбени згради во населбата Мазе во Дамаск и неговите предградија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека погодиле цели на палестинскиот Исламски џихад во Сирија.

Во соопштението се наведува дека цел на израелската армија биле неколку згради и командни центри на палестинската терористичка група Исламски џихад и дека и нанела „значаен удар“ на групата со седиште во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници