Заев: Верувам дека сите ќе бидеме разумни во предлагањето кандидати за техничката влада

Од:

Верувам дека сите ќе бидеме разумни во внимателноста на предлагањето кандидати, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој доцна попладне ќе има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кандидадите од преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари, на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година.

Заев смета дека нема потреба од посебна средба со коалицискиот партнер и лидер на ДУИ, Али Ахмети околу кандидатите за преодната влада и посочи дека за тоа се можни консултации и по телефон. Тој не очекува проблеми од кадровски аспект, за да има потреба од посебни видови координации, состаноци или слично.

Средбата со Мицкоски, повтори Заев, се реализира заради законската обврска каде што претседателот на најголемата опозициона партија треба да се сретне и да разговара со претседателот на најголемата владејачка партија и втората по големина владејачка партија.

– Тој денеска прави средба со мене за консултација за кандидатите за преодната влада, а прави средба и со г. Али Ахмети за координација за кандидатите за преодната влада. Ние немаме потреба од некој разговор помеѓу мене и Ахмети за средби или слично. Веројатно самите имиња коишто ќе бидат разгледани ако имаме некоја дополнителна потреба како коалициски партнери можеме да се слушнеме по телефон и да поразговараме уште еднаш дали навистина двете страни стојат на ваквото со закон задолжително обврзувачко решение. Верувам дека ќе бидеме сите разумни во внимателноста на предлагањето на кандидатите, рече Заев.

СДСМ, дополни Заев, ги предложи своите кандидати и јавно ги соопшти. – Тоа се познати личности кои служеле и до денес на државата. Верувам дека нема да имаме некои видови проблеми од кадровски аспект за да може да правиме посебни видови координации, состаноци или слично, наведе премиерот Заев.

Тој потенцираше дека во изминатиот период на раководење со Владата носел храбри одлуки во корист на граѓаните и држвата, истакнувајќи ги договорите со соседните држави во контекст на евроатлантските перспективи.

– Докажав дека не недостасуваше храброст паралелно со разумност и рационалност. Носевме одлуки, сега редот е на друг – на граѓаните, тие сеге ќе одлучуваат. Јас мојот дел во одлучувањето го направив, нормално сега следат партиски одлуки што ќе понудиме и какви кандидати и перспективи ќе понудиме согалсно кои граѓаните во иднина ќе носат одлуки, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне