Облачно и студено со ветер и услови за снег

Од:

Времето во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно, со врнежи од снег во северозападните и северните делови. Изутринава и во делови од Скопската котлина провеа снег. Дуваше слаб, а во североисточните делови умерен ветер од северен и северозападен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 3 степени, а дневната од минус 3 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со утринска температура до минус 1 степен, а дневна температура до 5 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски