Во Битола ќе се гради фудбалско игралиште со вештачка подлога

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и Петар Милошевски, претставник на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска потпишаа Договор за изградба на фудбалско игралиште со вештачка подлога.

Проектот е во рамки на програмата „Хет-трик“ на УЕФА, чиј прв човек, претседателот Мишел Платини, утре доаѓа во Скопје за да ја отвори Куќата на фудбалот.

Како што рече Милошевски на прес-конференција, во Македонија ќе бидат изградени 10 фудбалски терени со вештачка подлога, еден од нив ќе биде во Битола.

– И благодарам на општината што ни излезе во пресрет за реализација на овој проект кој е во прилог на фудбалската традиција на Битола и претставува круцијален потег за развојот на фудбалот во овој град, истакна

Според градоначалникот Талески, оваа одлука на ФФМ е потврда за придонесот на општината во развојот на спортот во градот. – Оваа придобивка се совпаѓа со нашите планови за изградба на помошни фудбалски игралишта, како и големата реконструкција на градскиот стадион на кој ќе има две нови поголеми трибини со по 4.000 и две помали трибини со капацитет од по 2.000 гледачи, посочи Талески.

Изградбата на фудбалското игралиште со вештачка подлога ќе заврши за три месеци, во јуни.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски