Османи оптимист дека Собранието ќе ја надмине блокадата, со цел изборите да се одржат во закажаниот термин

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно да не поднесе оставка ако опозицијата ги кочи важните закони за граѓаните, рече дека е рано да се разговара за такви екстремни позиции, бидејќи се уште се во фаза на координација меѓу политичките партии.

Османи истакна дека е оптимист дека ќе се надмине состојбата во Собранието и оти ќе нема потреба за одложување на изборите закажани за 12 април следната година.

– Рано е да разговараме за такви екстремни позиции бидејќи се уште сме во фаза на координација меѓу политичките партии. Таквата координација се одвива денеска и со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ за тоа како да се надмине оваа блокада во усвојување на законите во Собрание до крајот на оваа година. Сметам дека партиите ќе ги надминат овие партиски позиции и ќе најдеме начин како да ја завршиме успешно оваа агенда на Собранието оваа година и да продолжиме според договорот што е постигнат за одржување на изборите во април, посочи Османи.

Претходно, Заев изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието коишто, како што оцени, се од животно значење за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН