Компанијата Епл има тим со статус „тајно и доверливо“, кој работи на сателитска технологија со којашто производителот на Ајфон би можел да ја користи за пренос на интернет директно на уредите, без учество на безжичните мрежи, објави „Блумберг“.
Според написот, Епл има десетици инженери од областа на воздухопловството, сателити и антени и слично чија цел е, во рок од пет години, идејата да се примени практично.
Тоа значи дека Епл би можел да ги користи сателитите и за попрецизно следење на локациите на своите уреди, тоа пак, може да овозможи подобрување на мапите и новите функции.
Од порано е познато дека Амазон за наредниве години планира распоредување на над 3.000 сателити.
Последниве месеци Епл почна да најмува нови стручњаци за софтвер и хардвер за во овој тим, барајќи, пред сè, инженери со искуство во дизајнирање комуникациска опрема. Компанијата значајно го зголеми и буџетот за истражувања и развој, потрошувајќи 16 милијарди долари во фискалната 2019 година – 14 отсто повеќе во однос на претходната година.
Еден од главните цели е – што повеќе од технологијата што ја користат, сами и да ја произведуваат, па и работата на сателитите, веројатно е дел од тој концепт, се вели во написот на „Блумберг“.