Новинарите и техничкиот персонал во Би-Би-Си ќе започнат нов 12-часовен штрајк на 28 март, откако синдикатот на новинарите (НУЈ) и на техничарите БЕКТУ не успејаа да се согласат со управата на оваа јавна медиумска команија околу отпуштањата од работата и отпремнината.
Штрајкот, иако со помало времетраење од претходниот, ќе предизвика проблеми во програмата, а посебно во нејзиниот информативен дел и во емисиите.
Членовите на синдикалните унии на новинарите и на техничкиот персонал, претходно, изгласаа организирање серија штрајкови против политиката што ја води управата на Би-Би-Си.
Првиот штрајк се оддржа на 18 февруари и тој траеше 24 часа. Гневот на вработените и на нивните синдикати се зголеми откако компанијата најави укинување на нови две илјади работни места и промена на исплатата на отпремнините.
Претставник на новинарскиот синдикат го обвини раководството на Би-Би-Си дека со својата политика и нанесува штета на програмата.
Претставник на Би-Би-Си изрази жалење што се уште нема решение за продолжените несогласувања меѓу синдикатите и управата, но утврди дека нема менување на позицијата околу исплатата на отпремнината.