Столтенберг подготвен за средба со Путин

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за пречките во односите меѓу Алијансата и Москва.

– Верувам во дијалог со Русија. И, затоа, ако се погоди контекстот, подготвен сум да се сретнам со претседателот Путин, изјави Столтенберг во интервју за германската агенција ДПА.

Според него, важно е да се седне на преговарачка маса.

– Русија е нашиот најголем сосед, таа ќе биде тука и ние мора да се стремиме кон подобри односи со Русија. Дури и без подобрени односи со Русија, ние мора да се справиме со тешките односи со таа земја, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија