Димитриев: Поднесовме измени на Законот за одбрана, но без промена на името на АРМ

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев изјави дека неговата пратеничка група денеска поднела измени на Законот за одбрана, ист идентичен со оној што е предложен од Владата, но без членот со којшто се предвидува менување на името на Армијата.

Димитрев кажа дека опозицијата барала да се повлече тој член, кој бил спорен за нив и оти би гласале се што значи усогласување со НАТО процедури и стандарди.

– Ние реалноста не ја игнорираме, но како опозиција сакаме таа реалност да ја промениме, рече пратеникот најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добие довербата на претстојните избори ќе се обиде да ја смени таа реалност.

Исто така, Димитриев изјави дека на седницата в понеделник треба да бидат ставени на дневен ред и измените на Законот за служба во армијата.

– Не се става на дневен ред, не започнува собраниската процедура, иако беше најавен пред еден месец, рече пратеникот Димитриев.

Најави дека опозицијата ќе бара да се изгласа и законот за следење на комуникациите, пак, кој е поддржан и од власта и од опозицијата во прво читање, но, според него, блокиран со поднесување на еднострани амандмани од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он