Британскиот весник Телеграф објави галерија од најразлични новогодишни елки во светот.
Најголемата вештачка елка се наоѓа во Мексико Сити, на авенијата „Реформа“. Елката е висока 110 метри и влезе во Гинисовата книга на рекорди. Украсена е со 1,2 милиони светилки, за што се користени 80 километри кабли.
Во Рио де Жанеиро се наоѓа најголемата лебдечка елка која исфрла огномет. Висока е 85 метри и декорирана со 2,9 милиони светилки.
Италија може да се пофали со најголемата креација на лажна елка на планината Инџино, висока 650 метри и многу импресивна.
Во Џакарта прават елки и украси од Лего коцки, а во Сиднеј од 18.000 пластични шишиња со различни големини и бои.
Слични елки се прават и во Париз, но со помалку шишиња.
Вештачка елка висока 20 метри се поставува секоја година пред претседателската палата во Сантјаго.
Во Бејрут, пак, елката се монтира со помош на кран пред џамијата Мохамад ал-Амине.
Интересна е и елката од оптички влакна во Пекинг.