Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој вчеравечер постигна гол против Сампдорија со глава од 2,56 метри, наводно беше изненаден колку високо скокнал.
– Скокнав 71 см? Не го знаев ова. Задоволен сум од резултатот, тоа бешетежок натпревар. Сампдорија одигра многу добро. Сите играчи на Јувентусго покажаа вистинскиот став. Голот беше добар, драго ми е што успеав даму помогнам на тимот да освои три бода. Целиот месец имав проблеми соколеното. Сега сè минато, физички се чувствувам добро. Само сакам да мупомогнам на Јувентус да освои титули, изјави Роналдо за „Фудбал Италија“.
Португалецот голот го постигна во финишот на првото полувреме законечни 2:1 за Јувентус.Ова беше дуел од 17. коло во Серија А по кој актуелниот шампион е лидерна табелата со 42 бода, три повеќе од Интер кој има натпревар помалку.