Денеска ќе се задржи претежно облачно време, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени. Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 степени.
Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.