По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено. Во останатите подрачја сончево и потопло со мала до умерена облачност.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени.
До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.